(Видео) Се излеа Дунав во Будимпешта, водата дојде до зградата на парламентот
Се излеа Дунав во Будимпешта. На објавените снимки се гледа дека водата стигнала до зградата на унгарскиот парламент во Будимпешта.
Според прогнозите, водостојот на Дунав во Будимпешта викендов ќе го достигне својот врв, околу 850 сантиметри.
The Danube has flooded in Budapest! 🇭🇺📷 This is what the lowest part of the city looks like The water level is expected to rise for two more days #Powodź #Powodz2024 #Budapest pic.twitter.com/Mp8hmAPAUu
— Madison Moore (@moore_madi73907) September 19, 2024
Унгарскиот премиер Виктор Орбан утринава на прес-конференција изјави дека состојбата со поплавите сè уште е сериозна и тешка.
„Поради обилните дождови и поплавите, ситуацијата е критична во цела Централна Европа“, објави унгарскиот премиер Виктор Орбан во објава на социјалната платформа Х.
🇭🇺 The #Danube, which has overflowed its banks, has begun to #floodalert the streets of #Budapest. pic.twitter.com/xE7VDznCiI
— News.Az (@news_az) September 19, 2024
Силни ветрови и невообичаено обилни врнежи погодија делови од Австрија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. Најмалку 22 лица загинаа во екстремни временски услови и поплави предизвикани од циклонот Борис во централна Европа.