На 09.03.2019 година околу 15,00 часот било пријавено дека во Неготино, на потегот од ЖС-Криволак кон ЖС-Градско, во непосредна близина на полигонот на АРМ, настанал пожар, при што биле опожарени лозја, а на неколку места биле зафатени и делови од прагови на железничката пруга Скопје- Гевгелија.
Пожарот во 16,10 часот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица.
