Свет

Трамп: Ќе бидам заштитник на американските Евреи

Објавена снимка на која Трамп ги повикува официјалните лица да ја поништат победата на Бајден

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп го осуди антисемитизмот неколку часа откако Си-Ен-Ен објави дека републиканскиот кандидат за гувернер во Северна Каролина, Марк Робинсон, дал серија расни и сексуални коментари на веб-страница, каде што исто така се нарекува себеси „црн нацист“.

Трамп не ги коментираше изјавите на Робинсон за време на вчерашното обраќање пред група еврејски донатори и Израелско-американскиот совет во Вашингтон, пренесува АП.
Кампањата на Трамп издаде соопштение откако Си-Ен-Ен ги објави коментарите на Робинсон, но не го спомна Робинсон.

Во официјалното соопштение се наведува дека Трамп е „фокусиран да ја освои Белата куќа и да ја спаси земјата“ и дека Северна Каролина е „витален дел од тој план“.

Вчера, на донаторски настан во Вашингтон наречен „Борба против антисемитизмот во Америка“, Трамп им вети на американските Евреи дека ќе биде нивен заштитник.

„Моето ветување до Евреите Американци е ова: со вашиот глас ќе бидам ваш бранител, ваш заштитник и ќе бидам најдобриот пријател што Евреите Американци некогаш го имале во Соединетите држави“, рече Трамп.

На почеток