Авион принудно слета во Подгорица поради лажна дојава за бомба
Од
Објавено на
Авион на полската компанија ЛОТ денеска принудно слета на аеродромот во Подгорица.
Капетанот пријавил дека има дојава за бомба, јавува РТЦГ, наведувајќи дека првичните информации укажуваат дека се работи за лажна дојава.
Имено, една полска државјанка со цел да се одмазди на сопругот пријавила дека тој има бомба во авионот, пренесува РТЦГ.
Дојавата била примена околу 17 часот, по што авионот бил изолиран, а надлежните од аеродромот во Црна Гора изјавија дека патниците се безбедни а контролата се врши според пропишаните процедури во синхронизирана акција на Полициската управа, аеродромот и другите служби.