ТАВ изготвува мастер план за развој на аеродромите во Македонија за наредните 20-30 години


ТАВ Аеродроми, меѓународната групација со седиште во Истанбул, најави дека подготвува мастер-план за развој на двата македонски аеродроми.
Мастер-планот, кој како што информирааат, интензивно се подготвува со поддршка од мнозинскиот сопственик на ТАВ Аеродроми, француски АДП, се очекува да биде готов во следните два месеци и до крајот на годинава, концесионерот ТАВ Македонија, како подружница на ТАВ Аеродроми, ќе ѝ го презентира планот на македонската влада.
Директорот Неџат Курт посочи дека изработката на мастер планот е многу важна за ТАВ Македонија и дека претставува значајна инвестиција.
„Во моментот ние работиме на мастер план, односно на главен план за развој на аеродромите во наредниот период, односно за наредните 20-30 години и во изработката е вклучена и француска компанија заедно со нас. Во основа тие ги добиваат сите информации од нас за двата аеродроми за да разберат каде овие аеродроми треба да бидат во наредните 20-30 години. Очекуваме да се заврши до средината или до крајот на октомври и кога ќе биде завршен и готов ќе го презентираме пред владата.“, истакна директорот Неџат Курт.
