Скопје

(Фото) „Чопор од 12 улични кучиња напаѓаат секоја вечер“, се жалат аеродромци и бараат итно решение

Жители на Аеродром со константни поплаки опради група на кучиња за кои посочуваат дека на моменти се агресивни. Барале решение, но залудно. Според нивните укажувања, известен е и стационарот „Лајка“, но рекација немало и по месец дена чекање.

„Дали може некој да ме упати, секаде е пријавено, никој не презема ништо. Во Аеродром на Бул. Авној кај поранешна Стела има чопор од 12 улични кучиња кои напаѓаат секоја вечер. Пред два дена во 23ч буквално изгризаа човек, деца не можат да се симнат пред зграда, и ова трае и трае“, реагира на „Х“ и Гордана Ѓорчева.

https://x.com/GordanaGjorceva/status/1796802899961340010?t=eYmIRTIddjUlhaRKbU_A1g&s=19

Ова е проблем за кој жителите на овој дел од Аеродорм укажуваа подолг период. Посочуваат дека нападите најчесто се случуваат навечер. Тие се децидни дека немаат ништо против кучињата, но имаат проблем со нивната агресивност.

На почеток