Скопје

Пешак прегазен во скопско, однесен со тешки повреди во болница

На 01.06.2024 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионален пат Скопје–Велес со локален пат с.Јурумлери–с.Долно Лисиче, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(20), удрило во пешакот С.А.(55), двајцата од с.Јурумлери, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток