(Фото) Најмалку 1000 луѓе евакуирани од „драматичните“ поплави во Италија, две лица исчезнати
Во италијанската провинција Емилија Ромања, која беше погодена од поплави предизвикани од обилните дождови, продолжува потрагата по две лица кои беа пријавени за исчезнати во близина на градот Равена.
Речиси 1.500 жители се евакуирани од градот Бањакавал, а на сила е црвено предупредување за екстремни временски услови кои најверојатно ќе траат до вечерва, соопштија локалните власти, а пренесува Анса.
Болоња, Чезена, Форли, Равена и Римини беа најтешко погодени од поплавите, а имаше и бројни одрони.
Училиштата сè уште се затворени во областа Равена и во неколку области околу Форли-Чезена.
Emergenza in Emilia-Romagna.
Al momento sono oltre 80 i Volontari impegnati, oltre ad ambulanze, veicoli 4×4 e gommoni.
Sul posto anche gli OPSA della CRI.
Raccolta fondi CRI per le emergenze nazionali: https://t.co/C6nWsU2EBk pic.twitter.com/flRQCz2kT5
— Croce Rossa Italiana (@crocerossa) September 19, 2024