Свет

(Видео) Хезболах возврати жестоко: Го бомбардираше Израел со 140 ракети

Израел прогласи четиричасовен прекин на огнот во централниот дел на Појасот Газа

Хезболах денеска го погоди северот на Израел со 140 ракети, објави милитантната група, пренесе Асошиејтед прес.

Групата поддржана од Иран соопшти дека цели на воени локации.

Нападот доаѓа откако Израел изврши интензивни воздушни напади во текот на ноќта врз јужен Либан, а војската соопшти дека нејзините воени авиони ги гаѓале ракетните фрлачи на Хезболах.

Претставници на израелската армија исто така го потврдија нападот.

Властите во Израел известија за „полесни“ повреди откако ракети беа истрелани врз северниот регион. Израелските служби за итни случаи соопштија дека нема информации за жртви.

Во објава на Телеграм, израелската полиција додаде дека неколку проектили паднале на земја на многу локации и дека пожарникарите реагираат на пожарите.

На почеток