(Видео) Шок од отпад во Градскиот парк, по вчерашниот голем настан
Од
Објавено на
По вчерашната голема журка на популарна компанија која славеше јубилеј, утринава вработените во „Паркови и зеленило“ затекнаа „шок состојба“. Речиси и да немаше дел од паркот каде немаше отпад. Проблемот можеби го предизвикале преполните контејнери, но со сигурност, и некултурата. Насекаде беа расфрлани лименки и пластика.
„Утрово теренските екипи од Градски парк експресно го исчистија паркот од големо количество на смет и отпадоци“, велат „Паркови и зеленило“.
Галерија:
View this post on Instagram
Гневни поради ваквата состојба се и граѓаните кои ги видоа фотографиите и прашуваат: „Каде е културата? Не е секогаш проблемот до кантите за отпадоци“.
Инаку, вчера Градскиот парк беше преполн со посетители.