Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Македонија околу 2 часот утринава, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри источно од Скопје и 13 километри североисточно од Студеничан, а е регистриран на длабочина од осум километри.
Според ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и во соседните Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Црна Гора.