Македонија

Гореше „мерцедес“ во центарот на Скопје

На 22.09.2024 во 05.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т.(49) од Скопје.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј. од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.

На почеток