(Видео) Драматични снимки од поплавите во Јапонија: Шест лица загинаа, има исчезнати, улиците под вода
Шест лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати откако рекордните врнежи предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во делови од јапонската префектура Ишикава.
Градовите Ваџима и Сузу, кои сè уште се опоравуваат од разорниот земјотрес што ја погоди областа на 1 јануари, беа меѓу најтешко погодените од поплавите. Во неделата и двата града забележаа двојно повеќе врнежи од вообичаеното за септември, објавија локалните медиуми, пренесува Би-би-си.
Десетици реки се излеаја од коритата, отсекувајќи ги патиштата и изолирајќи повеќе од 100 заедници низ префектурата, се вели во извештаите. Околу 4.000 домаќинства останаа без струја во понеделникот, според „Хокурику електрик пауер“.
🚨🇯🇵Heavy rain caused floods and landslides in Ishikawa, Japan, killing six and leaving two missing.
The region, still recovering from an earlier earthquake, received 540mm of rain in 72 hours.
Thousands are without power, and over 100 areas are isolated due to blocked roads.… pic.twitter.com/AbW8wIVgs3
— Info Room (@EkSan02) September 23, 2024
Две мртви лица се пронајдени во близина на тунелот погоден од одронот во Ваџима.
Меѓу другите жртви се двајца постари мажи и една постара жена, објави The Japan Times, повикувајќи се на локалните власти.
Јапонската метеоролошка агенција издаде највисоко ниво на предупредување опасно по живот за Ишикава во саботата и го намали на нормално предупредување во недела. Сепак, властите повикаа на дополнителна претпазливост.
🚨🇯🇵 |MORE VISUALS OF FLASH FLOODING IN WAJIMA
CITY📌 #WAJIMA | #ISHIKAWA | #japan
September 21.2024#japanflood
Stay informed!#能登 #石川県 #輪島 #大雨 #Flooding https://t.co/U9FTsUDOK8 pic.twitter.com/gYPIcsFpq2— Weather monitor (@Weathermonitors) September 21, 2024
Поплавите ги преплавија привремените населби изградени за луѓето кои ги загубија своите домови во земјотресот на Нова година. Снимките што ги објави локалната телевизија ја прикажуваат целата улица во Ваздима под вода.
Регионот сè уште се опоравува од силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени во јануари, во кој загинаа најмалку 236 луѓе, се урнаа згради и предизвика огромен пожар.