Македонија

Седум пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало регистрирано седум (7) пожари на отворено на територијата на државата, при што гореле ѓубришта, депонии, стрништа, сува трева и ниска деградирана шума.

Конкретно, Регионалниот РЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје, од 19.05 до 19.45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, гаснеле запалено ѓубре на помала површина во с.Волково (Општина Ѓорче Петров).

РЦУК Битола, известува дека ТППЕ Крушево, имала една помала интервенција поради запалено дрво во с.Бучин.

РЦУК Велес, известува дека ТППЕ Велес, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, од 15.37 до 18.10 часот, гаснеле опожарени 3 хектри ниска деградирана шума и 2 хектари сува трева во атарот на с.Иванковци.

РЦУК Штип, известува дека ТППЕ Кочани, во текот на изминатото деноноќие од 17.57 до 18.30 часот, со 2 пожарникара со 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во атарот на с.Бели и од 19.45 до 20.50 часот, интервенирале на запалената Градска депонија во Кочани.

ТППЕ Берово, од 17.45 до 18.05 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во атарот на с.Мачево.

РЦУК Куманово, известува дека ТППЕ Куманово, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, од 17.40 до 19.50 часот, гаснеле запалено стрниште и сува трева на патниот правец од кумановската населба „Карпош“ кон с.Никуљане.

РЦУК Тетово, известува дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалено ѓубре покрај реката Пена во Тетово.

На почеток