Бројот на загинати од израелските напади достигна 558, меѓу загинатите има и 50 деца
Бројот на загинати од израелските напади врз Либан од понеделникот достигна 558, од кои 50 деца и 94 жени, а 1.835 се ранети, изјави во вторникот министерот за здравство Фирас Абијад, пренесе Ројтерс.
Израелските воздухопловни сили продолжија со нападите и денес наутро, при што ИД тврди дека погодила 1.600 терористички цели на Хезболах во земјата. Хезболах, од своја страна, продолжи да истрела ракети кон северен Израел, од кои некои предизвикаа пожари. Хезболах во текот на ноќта објави дека цели на израелски воени бази и аеродром.
Бројот на загинати во Либан е поголем од оние што беа убиени и ранети во минатонеделното детонирање на пејџери и воки-токи, а официјален претставник на Светската здравствена организација рече дека некои болници се преоптоварени.