Свет

Околу 500 луѓе пристигнаа во Сирија од Либан бегајќи од израелските напади врз Хезболах

Околу 500 луѓе пристигнаа во Сирија од соседен Либан по израелските напади врз цели на Хезболах во таа земја, во кои вчера загинаа повеќе од 550 луѓе, меѓу кои 50 деца, изјави денеска сириски безбедносен претставник.

„Околу 500 Либанци ја минале границата преку граничните премини Ал-Кусаир и Дабусија меѓу 16:00 и 24:00 часот“, изјави за AFP неименуван функционер.

Тој рече дека и утринава имало возила кои ја минувале границата.

Медиумите објавија дека илјадници луѓе бегаат од јужен Либан.

Според последните податоци, од вчера во израелските напади врз цели на Хезболах во Либан загинале 558 лица, меѓу кои 50 деца, а ранети се 1.835 лица.

На почеток