Македонија

Денес ќе имаме променлив и топол ден: Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи

Во текот на денешниот ден (среда) од запад и од северозапад над нашата Македонија ќе поминува облачна воздушна маса, што значи дека повторно очекуваме повеќе облачност, но и покрај ова ќе има и повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, и особено во Пелагониско истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Особено во попладневните часови, и тоа претежно во северните и во северозападните предели од државава ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. И во Скопскиот регион денес (среда) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека во попладневните часови во делови од регионот ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 28 степени.

На почеток