Свет

(Видео) Голем црн чад над Москва

На социјалната мрежа Х се шири снимка од голем пожар во западниот дел на Москва. Како што пишуваат корисниците на оваа мрежа, горел магацинот за автоделови.

Според првите информации, пожарот зафатил површина од 600 метри квадратни.

Пожарот бил локализиран околу седум часот наутро.

Наводно, се урнал покривот на хангарот.

Нема информации за жртви, а причината за пожарот не е позната.

На почеток