Свет

Во Тајланд убиени се 125 крокодили за да се спречи нивно бегање за време на поплави

Фарма за крокодили во Тајланд уби 125 влекачи од страв дека ќе избегаат при поплави во земјата и ќе го загрозат населението, изјави сопственикот на оваа фарма.

„Дождот ги ослабна ѕидовите на фармата и за жал моравме да убиеме 125 крокодили кои ги одгледуваме 17 години“, потврдил за АФП Натапак Кумкад, фармер во провинцијата Ламфун.

Фармерот рекол дека тој и неговите вработени ги удриле сијамските крокодили со струја за да ги спречат да избегаат, да талкаат низ селото и да ги напаѓаат селаните и добитокот, пренесуваат странските медиуми.

Сијамскиот крокодил, кој може да порасне до три метри, е ендемичен вид на Југоисточна Азија и е многу загрозен во дивината.

Одгледувачот изјавил дека контактирал со властите за да ги смести неговите крокодили во привремено засолниште додека поплавата не се смири, но неговото барање било одбиено бидејќи животните биле преголеми.

На почеток