Македонија

Албанија почнува со преговори со ЕУ, се одвојува од Македонија и си го продолжува патот кон Европа, објави „Еуратив“

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, објави бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ.

„Патот на Албанија за пристапување во ЕУ ќе биде одвоен од Северна Македонија, а првите преговарачки кластери ќе бидат официјално отворени на 15 октомври, според едногласната одлука на амбасадорите на земјите-членки на Европската унија во средата (25 септември). Патот на двете земји од Западен Балкан кон членство во ЕУ беше споен со почетокот на преговорите официјално започнати во летото 2022 година. директно влијае на напредокот на Тирана“, објави порталот „Еуратив“.

Порталот додава: „Но, сега следниот чекор Албанија треба да го направи во средината на октомври во рамките на меѓувладината конференција и отворањето на „Кластер 1 – Основи“. Овој кластер вклучува неколку поглавја – набавки, статистика, судство и основни права, правда, слобода и безбедност и финансиска контрола. Ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредување на нејзиниот пат кон ЕУ, но е назадување за Северна Македонија, која уште еднаш не успева да направи одлучувачки чекор кон пристапувањето во ЕУ“.

За ова, сѐ уште нема официјално соопштение од Брисел.

На почеток