Македонија

Малолетник усмрти пешак со мотоцикл во Демир Хисар: сопатник е повреден

ФОТО Илустрација

На 25.09.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 20.15 часот на ул.„Битолска“ во Демир Хисар, мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Журче, демирхисарско, удрил во пешакот П.Л.(73) од Демир Хисар.

Од здобиените повреди на местото починал пешакот П.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Д.Ј.(19) од с.Вардино, демирхисарско, сопатник на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на несеќата извршиле увидна екипа на СВР Битола и јавен обвинител.

На почеток