Охрид

Малолетничка прегазена во Охрид: има тешки повреди и е во болница

На 25.09.2024 во 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(33) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

На почеток