Борисов: Никој не може да отстапи од Договорот за добрососедство
„Бугарија и Република Северна Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување и никој не може да отстапи од него“., изјавил за бугарските медиуми, поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, коментирајќи ја одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон членство во ЕУ.
Лидерот на ГЕРБ ја советувал Бугарија да биде умерена во ова прашање и без чувство на одмазда.
„Затоа што тактиката на нашите колеги во Северна Македонија е ние да бидеме виновниците. Имаме Договор за добрососедство кој е вметнат во Планот за проширување и никој не може да отстапи од него. Така функционираат европските институции. Резултатот е дека Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги во Северна Македонија мора да го издржат или толерираат она што нивното однесување им го создаде досега“, изјавил за бугарските медиуми, Борисов.