Македонија

Актуелен пратеник од СДСМ доби кривична пријава од МВР: наредувал ослободување на затвореници и се заканувал на полицајци

Актуелниот пратеник Борче Цветков од СДСМ доби кривична пријава од МВР бидејќи според нив, додека бил директор на затворот во Струмица се заканувал на полицајци и им наредувал да ослободуваат осудени лица, кои не смееле да го напуштат затворот. Спроед МВР, Цветков сторил кривично дело.

„СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против Б.Ц.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица”, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т.. Имено, тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот“, велат од МВР.
Директорот на Бирото за јавна безбедност пак вели: „Законот важи за сите, кривична пријава за актуелен пратеник. Нема толеранција за никого. Пред законот, сите граѓани се исти.

Продолжуваме посветено да се справуваме со незаконското работење“.

На почеток