Скопје

(Видео) Подгответе се за невреме во Скопје со силен ветер

Од УХМР известуваат:

Во регионот на Скопје и на североистокот започна да дува засилен до силен северен до северозападен ветер.

Овој засилен до силен ветер (и над 70 км/час) ќе се прошири особено долж Повардарието и во источните делови, а ќе продолжи да дува и особено во првиот дел од ноќта.

На северозапад има и зголемена нестабилна облачност со која има појава на пороен дожд кој брзо се преместува и наместа е проследен со ретки грмежи.

Услови за нестабилност во текот на денот ќе има претежно на северот и на североистокот од земјата.

На почеток