🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Видео) Филипче: 100 дена ВМРО-ДПМНЕ – Ниту повисоки плати, ниту заштита на животниот стандард

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во првите 100 дена не само што не го исполни ветувањето за раст на платите, туку просечната плата за прв пат после седум години бележи намалување, а не се зголеми ниту минималната плата.

— реклама —

„За прв пат по седум години, платите почнаа да паѓаат и просечната плата падна за цели 1000 денари. Нема покачување на минимална плата на 450 евра која денес ќе беше реалност со СДСМ. Наставниците и просветните работници добија покачување од 0,7% наместо 12% кои ги планираше СДСМ. Велат ако и одело добро на економијата тогаш можеби ќе се качеле платите“, рече Филипче, и потенцираше дека ваквите политики на актуелната власт целосно ги деградираат работниците и нивните права, ја враќаат политиката на евтина работна сила.

— реклама —

На денешната прес-конференција на која беа анализирани политиките на ВМРДО ДПМНЕ и коалицијата во првите 100 дена од нивното владеење, Филипче потенцираше дека актуелната власт не го заштити ниту животниот стандард на граѓаните, бидејќи со мерките за наводно пониски цени на храната, застана на страната на трговците.

„Додека платите паѓаат и стандардот се намалува, Владата не обезбеди ниту заштита на граѓаните од високите цени и алчноста на трговците. Мерките се задоцнети и без ефект. За ВМРО-ДПМНЕ интересот на трговците е поважен од интересот на граѓаните“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mickoski-filipce

Апелација потврдила дека СДСМ клеветела кога кажала дека „Мицкоски е докажан криминалец фатен со рацете во медот“

Македонија | пред 15 часа

media-libraryij4jka12lc2j20pwL2m

Шилегов бара оставка од Филипче: „Или си СДСМ или си тезгарош“; претседателот пак возраврати со обвинувања за притисоци

Коментари | пред 16 часа

media-librarynh16q4tlbrs9aP9nHNB

„Удривме во осино гнездо“ – Филипче тврди дека СДСМ е мета на координирана операција за дестабилизација

Македонија | пред 16 часа

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ по договорот во ЕУ за депортации на мигранти во „трети безбедни земји“: Македонија меѓу потенцијалните дестинации?

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања