Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Апелација потврдила дека СДСМ клеветела кога кажала дека „Мицкоски е докажан криминалец фатен со рацете во медот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
mickoski-filipce

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека Апелациониот суд со правосилна пресуда утврдил дека СДСМ изнесувала невистини и клевети против него, без докази и без правна основа.

— реклама —

„Со оваа одлука, по потврдената првостепена пресуда, СДСМ и формално е судски утврдена како клеветничка партија“, напиша Мицкоски, додавајќи дека тоа што со години било претставувано како „политичка борба“, сега е официјално констатирано како недозволено и спротивно на принципите на правната држава.

Според него, пресудата го разоткрива политичкиот модел на СДСМ, кој, како што наведува, се темели на напади и дискредитации наместо на аргументи, програми и одговорност.

— реклама —

„Политичката критика е легитимна и потребна, но клеветата и лагата не се политика, туку злоупотреба на јавниот простор“, истакна Мицкоски.

— реклама —

Тој додава дека одлуката на судот претставува „жесток шамар“ и за сите, како што ги нарече, поддржувачи и гласноговорници на СДСМ кои учествувале во ширење гласини и кампањи насочени против него.

Мицкоски оценува дека СДСМ свесно продолжува со, како што вели, лаги и манипулации, потценувајќи ги граѓаните и надевајќи се дека дезинформациите ќе имаат поголемо влијание од вистината.

— реклама —

„Македонија мора да оди напред со политика заснована на вистина, идеи и одговорност. Народот ќе покаже дека е посилен од ваквите лаги и дека тие нема да поминат“, порача Мицкоски.

media-librarytp2tslku84pcflpyjdo

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања