Свет

Клаудија Шејнбаум официјално стана првата жена претседател на Мексико

Поранешната градоначалничка на Мексико Сити, Клаудија Шејнбаум, вчера официјално стана првата жена претседател на Мексико од независноста на земјата во 1821 година, наследувајќи го популарниот Андрес Мануел Лопез Обрадор на таа позиција.

Шејнбаум, климатски научник со еврејско потекло, положи заклетва пред претставници и сенатори во Мексиканскиот конгрес.

Во јуни таа победи на изборите со речиси 60 отсто од гласовите, откако излезе пред владејачката левичарска партија Движење за национална обнова (Морена) и сојузниците.

Поранешната градоначалника на Мексико Сити ја презема функцијата од нејзиниот ментор, Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој ја воведе во политиката во 2000 година како заменик за еколошки прашања во градското собрание на мексиканската престолнина.

Веднаш по победата таа најави дека нејзината влада ќе биде фискално одговорна и ќе ја почитува автономијата на централната банка. Најави и дека ќе ја зајакне безбедноста на земјата.

На почеток