Свет

(Видео) Иранскиот напад врз Израел прославен во Сараево

Мала група луѓе, за кои се претпоставува дека се Турци и Сиријци, се обиделе во Сараево да го прослават ракетниот напад на Иран врз Израел што се случи синоќа, е информацијата која денеска се прошири на социјалните мрежи.

На профилот на иранската провладина медиумска организација Iran Newspaper, на социјалната мрежа Х се појави кратко видео на кое се гледа како група, главно млади луѓе веат знамиња на Палестина и Босна и Херцеговина од автомобили наредени пред Градското собрание на Сараево и извикуваат на арапски.

Тие се собраа таму во вторникот вечерта по почетокот на ракетниот напад врз Израел.

На почеток