(Видео) Љубе ја нема моќта како со Оливер, вели Трпковски, осомничен за грабнувањето на Самоил, внукот на Љубе Бошкоски
Од
Објавено на
Александар Трковски, еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошкоски се предаде на правосудните органи по година и пол бегство.
Пред предавањето даде ексклузивно интервју за Претрес со Ландов.
„Љубе Бошкоски ја нема таа моќ како на времето со Оливер Спасовски. Надвор од државата бев кога се пукаше врз таткото на Самоил“, рече Трпковски.
Претрес кој го бараше и таткото на Самоил да ја каже и неговата страна, а тој не одговори на повиците, останува отворен за негово гостување во емисијата.