Македонија

Физички пресметки во Прилеп и Струмица

На 10.03.2019 година во 04,20 часот во Полициската станица Прилеп М.Н.(24) од Прилеп пријавил дека околу 02,30 часот пред кафе бар лоциран на улицата ,,Кеј 1- ви Мај“ физички бил нападнат од страна на едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.03.2019 година во 02,30 часот во СВР-Струмица Д.П.(22) од Струмица пријавил дека истиот ден околу 01,30 часот во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток