Свет

Борис Џонсон во своите мемоари: Нетанјаху ми стави прислушкувач во бањата

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во своите мемоари „Unleashed“ изјави дека пронашол апарат за прислушување во неговата бања во британското Министерство за надворешни работи, откако го користел израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Џонсон изјавил дека неговиот безбедносен тим пронашол уреди за прислушување во тоалетот откако Нетанјаху го користел, пишува Политико.

Џонсон и Нетанјаху се сретнаа во 2017 година кога Џонсон беше министер за надворешни работи во Велика Британија.

Мемоарите на Џонсон ќе бидат објавени на 10 октомври, а извадоци се дистрибуирани во весникот „Дејли Телеграф“.

„Биби беше таму (во бањата) некое време, и можеби беше случајно или не, но подоцна ми рекоа дека нашле уред за прислушување“, напиша Џонсон во мемоарите.

Дејли Телеграф побара од поранешниот премиер да открие повеќе детали за тоа што се случило, на што Џонсон рече дека се што треба да се знае е во тој пасус во книгата.

На почеток