78 лица загинаа кога брод се преврте на езерото Киву во источно Конго, бродот беше преоптоварен
Најмалку 78 лица загинаа денеска кога брод со многу патници се преврте на езерото Киву во источно Конго, јавува АП повикувајќи се на очевидци.
Како што јави агенцијата АП, засега не е јасно колку луѓе имало во бродот или колку загинале, но очевидците велат дека виделе спасувачките служби како извлекле најмалку 78 тела од водата.
Според изјавите на сведоците, десет лица преживеале и биле префрлени во локалната болница.
Boat capsizes on a lake in eastern Congo, killing at least 50 people, witnesses say: Women grieve at the port of Goma, Democratic Republic of Congo, after a ferry carrying hundreds capsized on arrival Thursday, Oct. 3, 2024. (AP Photo/Moses Sawasawa)
… https://t.co/zy28mIZ7kZ— MemeStreamNews (@MemeStreamNews) October 3, 2024
Ројтерс претходно објави дека најмалку 23 тела биле извлечени од езерото и дека 40 луѓе биле спасени.
Бродот кој пловел од Минова во провинцијата Јужен Киву до Гома во провинцијата Северен Киву, преоптоварен со патници, потонал на само неколку метри од пристаништето Китуку, изјавија очевидци.
Локалните власти соопштија дека спасувачките напори продолжуваат и дека засега не е познат бројот на загинатите.
„Овој брод превезуваше околу сто луѓе, а имаше капацитет за триесетина патници“, изјави гувернерот на провинцијата Јужен Киву, Жан-Жак Пуруси за локалната радио станица по несреќата.