(Видео) Хаос во затворот во Конго: Ликвидирани затвореници
Владата на Демократска Република Конго денеска соопшти дека во текот на ноќта имало обид за бегство на неколку осуденици од централниот затвор Макала во главниот град Киншаса.
Во утринава објава, владата на Конго потврди дека безбедносните сили ја ставиле ситуацијата под контрола и дека ќе биде спроведена истрага, пренесува Ројтерс.
Според еден затвореник, пукањето почнало околу два часот утринава, а друг затвореник рекол дека го разбудиле гласовите на затворениците надвор од затворот и звуците на истрели.
„Неколку одделенија беа отворени, други не, а војниците пукаа во сите што се движеа“, рече трет затвореник.
Пожар избувнал во затворската болница и административната зграда, изјави утрово затворски службеник во разговор со новинарот на Ројтерс, истакнувајќи дека постои опасност затворската документација да биде уништена.
Друг затворски службеник рече дека ниту еден затвореник не успеал да побегне.
Секој што се обидел да побегне бил ликвидиран“, изјави службеник од затворот Макала.
Tentative d'évasion en cours à la prison centrale de Makala: quelques prisonniers tentent de quitter la prison sous des coups de feu.[images de @StanysBujakera ] pic.twitter.com/t1aKImUNw2
— Jael Ngalula (@ngalulajael1) September 2, 2024