Свет

На Јапонија и оди да ги убеди вработените за 4-дневна работна недела

Јапонија уште пред три години покрена иницијатива да им помогне на луѓето да го намалат работното време и да се воведе четиридневна работна недела.

Владинатс бела книга за „кароши“, тоа е јапонски термин кој значи „смрт од прекумерна работа“, вели дека Јапонија има најмалку 54 такви смртни случаи годишно, вклучително и срцев удар.

Во 2021 година пратениците предложија а Владата ја прифати идејата за пократка работна недела.

Според официјалните податоци, досега многу малку компании се приклучиле на новиот концепт. Податоците објавени од Министерството за труд на Јапонија, покажуваат дека само околу 8% од компаниите им дозволуваат на вработените да земат три или повеќе слободни денови во текот на неделата, додека 7% им го даваат на своите работници законски задолжениот еден слободен ден.

Министерството за труд им нуди на компаниите бесплатни консултации и грантови за да ги мотивира, но досега само 3 компании се јавиле за да побараат совет за евентуални промени.

Се двоумат и не прифаќаат и вработените. Производителот на електроника Panasonic, една од најголемите јапонски компании, се одлучи на ваков начин на работа во 2022 година. Две години подоцна, само 150 од 63.000 вработени кои ги исполнуваат условите одлучија да се префрлат на четиридневниот распоред, изјави претставник на компанијата за Асошиеjтед прес.

,,Нашата цел е да создадеме општество каде што работниците можат да избираат помеѓу различни стилови на работа врз основа на нивните околности. Сакаме да изградиме етички циклус на раст и развој и да им овозможиме на работниците подобра перспектива за иднината“, пишува на веб-страницата на министерството за кампањата, позната како „хатаракиката кајикаку“, што значи „иновирање како работиме“.

На почеток