Свет

Силен земјотрес го погоди Тајван

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на кинеската област Тајван, соопшти денеска Метеоролошката управа, но нема извештаи за евентуална штета.

Епицентарот на земјотресот се случил на длабочина од речиси 24 километри, јавува Ројтерс.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи и е подложен на земјотреси, а агенцијата јавува дека денешниот земјотрес би можел да се почувствува и во градот Тајпеј.

Во април градот Хуалиен на истокот од островот беше погоден од најсилниот земјотрес во последните 25 години, кога девет лица загинаа, а повеќе од 900 беа повредени.

На почеток