Свет

Врховниот лидер на Иран: Муслиманските нации имаат заеднички непријател

Иранскиот врховен лидер ги повика муслиманските нации да „заврзат одбранбен појас“ од Авганистан до Јемен и од Иран до Газа и Либан. Ајатолахот Али Хамени зборуваше додека ја водеше петочната молитва во Иран за прв пат по четири години.

Тој рече дека непријателот на Иран е ист како непријателот на палестинската држава, Либан и другите муслимански народи.

Тој додаде дека нападот на 7 октомври на Хамас врз Израел – за време на кој Израел рече дека околу 1.200 луѓе биле убиени, а 250 биле земени како заложници во Газа – е легитимен чин, како и нападот на Иран врз земјата оваа недела.

Неговите изјави доаѓаат помалку од една недела откако Хасан Насралах, водачот на либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, беше убиен во израелски воздушен напад.

„Палестинскиот народ има законско право да се брани. Спротивставете се на тие криминалци – окупаторските сили. Не постои ниту еден суд или меѓународна организација што може да го обвини палестинскиот народ дека едноставно ја брани својата татковина“, рече Али Хамнеи.

Израел не може сериозно да им наштети на Хезболах или Хамас, додаде тој.

На почеток