Македонија

(Видео) Пороен дожд во Тетовско: пожарникарите спасија 11 патници од заглавено комбе, вечерва извлечен маж од поплавено возило

Интензивниот дожд што врне повеќе часови во Тетово е причина повторно да има низ Тетовско.

ТППЕ Тетово информираат дека имаат повици за интервенции во Мала и Голема Речица, каде се испумпува вода од поплавени куќи и нивните дворови и подруми.

Попладнево тетовските пожарникари извлекоа комбе заглавено во насобрана дождовна вода кај подвозникот во Желино и спасија 11 патници.

Интервенцијата ја изведоа четворица пожарникари од ТППЕ Тетово.

Вечерва пожарникарите повторно извлекуваа човек заглавен во поплавено возило.

На почеток