Свет

Илјадници луѓе во Техеран на комеморацијата за убиениот лидер на Хезболах

Илјадници луѓе присуствуваа на молитвата и на специјалната комеморација на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала во иранската престолнина Техеран синоќа.

Насрала беше убиен во Бејрут во израелски воздушен напад минатата недела, што го налути Техеран, кој потоа изврши ракетен напад врз Израел во вторникот.

Во главниот град на Иран беше одржана церемонија во чест на Насрала, а врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи го пофали Насрала во молитва и го повика муслиманскиот свет „да го врзе појасот на одбраната“.

На почеток