Македонија

Пропаѓа ли Conti: Шема за лесни пари која може да однесе и илјадници евра на вложувачи од Македонија

Пропаѓа ли пирамидалната шема Conti? Ова е главното прашање кое се дискутира во Македонија изминативе денови, а откако се појави наводен разговор на апликацијата „Телеграм“, направен во група со 14.000 членови во кој се пишува дека платформата нема да постои. Голем број Македонци учествуваа во инвестирање во Conti, чија цел беше брза заработка.

Conti претставува платформа(апликација) која на корисниците им нуди заработка преку гледање видеа. Апликацијата функционира околу една година. Но за да започнете да заработувате, прво мора да вложите. Во Македонија, луѓе вложуваа од 100 до 3.000 долари. Се заработуваат високи суми, но од вчера многу македонски граѓани се жалат дека се излажани и дека ги изгубиле парите.

Од пред неколку дена, групата на „Телеграм“ која има околу 14.000 македонски членови, почнува да згаснува, а корисниците повеќе немаат приливи на Бајненс платформата за тргување со криптовалути.

За оваа шема, одамна се шпекулираше дека е нов начин на измама на корисниците на интернет, кои сакаат брза заработка на пари.

На интернет, ваквите шеми се познати како „pig butchering“. Тоа значи дека измамниците користат скрипти за да ги „здебелат“ нивните жртви, добивајќи ја нивната доверба во период од денови, недели, а понекогаш и месеци, пред да ги „заколат“, односно да ги земат нивните пари.

На почеток