Скопје

Апсења во Аеродром, Бит Пазар, Карпош: најмладото лице со лисици има 18 години

Денеска (05.10.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Денеска (05.10.2024) во 03.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ф.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 04.10.2024 во 19.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(18) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На почеток