Пукање во Чаир: едно лице во болница со неколку рани
Од
Објавено на
Едно лице е тешко повредено од прострелни рани во Чаир, откако во близина на маркетот „Веро“ бил отворен оган кон него. Според првичните информации, мажот се бори за живот на Клиниката „св. Наум Охридски“.
Пукањето се случило пред скоро еден час. Неофицијалните информации се дека станува збор за долгови кои лицата ги имале меѓусебно, а биле направени за купо-продажба на дрога.
На местото сега има десетици полицајци, истото се обезбедува – додека МВР трага по лицата кои го организирале и реализирале пукањето.
„Скопје1“ побара информации од МВР, од каде собираат информации.