Свет

(Видео) Маск зборуваше на митингот на Трамп: Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и републиканскиот кандидат на овогодинешните претседателски избори вчера го изведоа технолошкиот милијардер Илон Маск на сцената за време на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија, местото каде што беше извршен обидот за атентат во средината на јули во кој беше полесно повреден.

Во своето обраќање до илјадниците собрани следбеници на Трамп, Маск повтори многу од тезите што ги користеше поранешниот американски претседател и неговиот кандидат за потпретседател Џеј-Ди Венс во нивната кампања.

Технолошкиот претприемач кој ги лансираше Tesla и Space X и ја купи социјалната платформа X (поранешен Twitter) ги нарече претседателските избори на 5 ноември „најважните избори во нашиот живот“.

„Другата страна сака да ви ја одземе слободата на говорот. Тие сакаат да ви го одземат правото да носите оружје“, им рече Маск на толпата, додавајќи:

„Тие сакаат да ви го одземат правото на глас“.

На митинг во Батлер, 20-годишниот Томас Крукс од Пенсилванија пукаше кон поранешниот претседател на 13 јули, ранувајќи го во десното уво и убивајќи го пензионираниот пожарникар Кори Комператоре. Атентаторот бил убиен од безбедносните сили.

На почеток