Скопје

(Видео) Кенијците Чемвено и Кипротих на првите две места, Дарио Ивановски освои трето место

Хилари Чемвено од Кенија победи на овогдинешниот Скопски маратон со време 02:13:28. Тој го понесе првото место во машката конкуренција, а веднаш зад него беше неговиот сонародник Даниел Кипротих со време 02:13:53. Третото место го има македонскиот олимпиец, Дарио Ивановски со време од 02:16:26.

Чемвено по завршувањето на маратонот кажа дека ја очекувал победата и дека дошол бидејќи тоа му била целта која ја исполнил. По него, Дарио Ивановски кажа дека без подготовки успеал да го освои третото место. Потсети дека на Олимпијадата во Париз имал повреда, поради што не можел да се посвети на подготовките.

На почеток