Свет

Хезболах ја проби израелската противвоздушна одбрана на северот на земјата

Ракетите на Хезболах го погодија Хаифа, третиот по големина град во Израел, соопшти израелската полиција, а израелските медиуми објавија дека 10 лица се повредени на северот на земјата. Хезболах соопшти дека целел на воена база јужно од Хаифа со проектил Фади 1.

Медиумските извештаи велат дека две ракети паднале во Хаифа на брегот на Средоземното Море, а пет паднале во Тиберија, на 65 километри.

Полицијата соопшти дека се оштетени некои згради и имоти, а има неколку пријави за полесни повреди и дека луѓето се пренесени во блиската болница.

Израелската војска соопшти дека воени авиони погодиле цели на разузнавачкиот штаб на Хезболах во Бејрут, вклучително и средства за собирање разузнавачки информации, командни центри и дополнителни инфраструктурни локации.

На почеток