Скопје

Прегазен пешак во Скопско, со тешки повреди пренесен во Градска болница

Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „534“ во село Марино, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот В.Ш. удрило во пешакот, 54-годишниот П.Н., двајцата од населба Илинден, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток