Македонија

Уапсен Србин кој криумчарел мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија

Вчера во 20 часот на локален пат во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода 32-годишниот Ј.М. од Република Србија. Во возило „сааб“ со цол таблички, кое го управувал, биле пронајдени 11 мигранти од Сирија.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток