Македонија

На Деве Баир уапсен Турчин, приложил фалсификувана зелена карта

Вчера во 22.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 36-годишниот Ј.М. од Република Турција затоа што при гранична проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта за возилото кое го управувал.

Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На почеток