Свет

Многу делови на Израел беа евакуирани откако Хезболах го нападна со ракети

Израелските одбранбени сили објавија дека воспоставиле „нова затворена воена зона“ во близина на израелско-либанската граница и дека таа ги вклучува градовите Шломи, Рош Ханикра, Ханита, Араб ал-Арамше и Адамит. Ова е четврта затворена воена зона која е формирана откако ИД ја започна копнената воена операција во Либан минатата недела. Многу делови на Израел беа евакуирани откако Хезболах го нападна со ракети.

Според командант на Хезболах, групата им кажала на своите борц и да не ги напаѓаат израелските сили во близина на базата во либанскиот град Марун ал Рас, во која се сместени мировниците на Обединетите нации. Хезболах го обвини Израел дека ги користи мировниците како жив штит.

Израелската армија во понеделникот соопшти дека почнала да ги ублажува ограничувањата што ги воведе на некои населени области во северен Израел. Овие ограничувања беа воведени откако Хезболах започна поинтензивни ракетни напади врз тој дел на Израел.

На почеток