Македонија

СКРМ бара денеска да биде исплатена платата за август за вработените во „Охридско лето“: Односот на Министерството за култура е крајно нехуман

„Министерството за култура и туризам, ги спори прекувремените саати на вработените во НУ Охридско лето, кои за време на фестивалот ги одработиле, но сега само за месец август, откако истите им ги исплати по планот за месец јуни и јули. Август, како и јуни и јули оваа година не се поразлични од ниту едно лето претходните 10-15 години наназад. Денес тие 20 вработени во Охридско лето, прават сѐ, односно ја вршат целата работа околу организацијата на фестивалот што не е малку, имајќи ја предвид програмата и посетеноста на фестивалот“, соопшти Синдикат на културата на Република Македонија.

„Сегашниот однос на Министерството за култура и туризам со неисплаќањето на августовската плата, а со тоа оставајќи 20 луѓе со дел од нивните семејства без здравствено осигурување е за осуда и е крајно нехумано и непрофесионално, правејќи проблеми за ситуација која со години е непроменета и функционира.

Го молиме Министерот за култура и туризам, да застане на страна на вработените, да им ја исплати платата, а со тоа и здраственото осигурување за месец август и сега веќе и за месец септември, а доколку понатаму утврди дека постоеле неправилности соодветно да ги санкционира, за што ќе ја има и поддршката на СКРМ. Вработените не се должни да ги трпат меѓуинституционалните недоразбирања и процеси кои можат да траат уште долго“, додава Синдикат на културата на Република Македонија.

На почеток